(ФОТО) Германците со нова карикатура го провоцираат Ердоган
Објавено во: Свет, Стил 30 Март, 2016
Германците продолжуваат да бијат шега со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. По хумористичната песна, која вчера Турција бараше да се забрани да се емитува, германците направија карикатура од Ердоган.
На неа е прикажан турскиот претседател како држи во рацете апарат за гасење пожар и пишува: „Или вие изгасете го ова видео, или јас ќе го изгасам интернетот“, алудирајќи на постапките на претседеталетот кој е се повеќе врши цензура врз турските медиуми и интернетот.
Претходно, него го разлути сатиричната песна која беше емитувана во емисијата на германската телевизија NDR.
Турција не чекаше многу, па веднаш го повика германскиот амбасадор Мартин Ердман и побара забрана за емитување на песната против претседателот.
Нему му била врачена и протесна нота во знак на револт од „провокацијата” на Германците.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/R2e2yHjc_mc[/embed]Во песната на германски јазик, се критикуваат случаите на апсење новинари, поради наводни политички разлики, несоодветниот начин на спречување на протести и методите со кои Турција се справува со курдските бунтовници, кои според авторите на композиицјата, се полоши и од начинот на кој земјата се бори со Исламската држава.