30 Април, 2024
0.0260

(ФОТО) ГИ ЗНАЕТЕ ЛИ: Топ најдобри плажи во Бугарија

Објавено во: Балкан, Стил 27 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Бугарија ужива постојано расте светска слава како дестинација со едни од најубавите плажи во Европа. Всушност, во оваа земја има некои рајски убави катчиња. За жал за туристите сепак, многу од овие места се прилично изолирани. Ако сакате да најдете некои од најчистите и убави бугарски плажи, ќе ви треба автомобил, малку дополнителни информации и GPS за да ги откриете (барем некои од нив).

1. Силистар. Во близина на Синеморец се наоѓа една од најатрактивните бугарски плажи. Таа поседува типична медитеранска убавина и по ништо не отстапува од прекрасните плажи во топлите медитерански острови. Се наоѓа во мал залив и има прекрасен златен песок.

beachsilistar_1398149201_24

2. Косата. Косата е северната плажа на малото крајбрежно село Синеморец. Местото е исклучително живописно и освен убава плажа нуди и поглед кон устието на реката Велека. Се смета за едно од најатрактивните места за капаење на јужното крајбрежје на Црното Море.

878

3. Иракли. Иракли е меѓу најубавите плажи во цела Европа. Месноста е затрупан рај со еколошки чиста природа. Местото е тешко достапно и практично тука нема никакви реквизити за туристите . Туристите подигаат шатори на самиот песок. А тој е посветол и фин од што можете да замислите.

c744765a482bb73eb58207eeacea523a

4. Паша Дере. Паша Дери се смета за еден од најубавите предели на бугарското крајбрежје на Црното Море. Не треба да кажуваме дека плажата таму е врвна. Се наоѓа на десетина километри од Варна, во близина на месноста Боровец и вреди да се посети.

pasha dere plaja

5. Ракитника. Ракитника е убава плажа, која се наоѓа во заштитена област на неколку километри јужно од Варна. Местото нуди можност да сте сами и далеку од преполните варненски плажи и да се излежувате на чистиот воздух во реонот.

dom-rakitnika-Varna-04

6. Камчија. Плажата на Камчија е огромна, златна и при тоа местото е толку тивко, а се наоѓа на само 30 километри од Варна. Иако туристичкиот комплекс привлекува големи групи руски туристи, плажите секогаш обезбедуваат доволно простор за сите, па дури и во најпрометните периоди од годината можете да најдете место каде нема луѓе на барем 10-20 метри од вас. Недостаток е дека капењето во близина на устието на реката Камчија може да е опасно.

kamchia

7. Шкорпиловци. Помалку популарна, но не помалку убава, плажата на Шкорпиловци се наоѓа на 40 километри јужно од морскиот главен град на Бугарија. Таа личи на плажата на Камчија, но со таа разлика што тука нема голема река која се влева во морето. Слично на Камчија сепак, Шкорпиловци исто е мирно и тивко место за летуваее, а плажите изгледаат бесконечни.

Shkorpilovtsi_evgenidinev

8. Варвара. Плажата на Варвара не е многу голема, но е исклучително чиста и зачувана, нуди доволно простор за малобројни туристи во областа. Плажата има медитерански изглед и чисти, транспарентни морски води.

54862cc45362f

9. Албена. Иако целта ни е да ви ги покажеме повеќе дивите и не толку живи плажи долж бугарското крајбрежје на Црното Море, нема како а да ја пропуштиме плажата на туристичкиот комплекс Албена, кој е едноставно прекрасен. Секој кој бил во ова одморалиште знае колку обемна, чиста и одржувана е плажата и колку е пријатно да се помине таму едно мрзливо попладне од летен одмор.

aleban

Можеби ќе ве интересира

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница