(ФОТО) Хотелскиот комплекс на Хитлер „блесна“
Објавено во: Свет 05 Септември, 2019
,,Сила преку одмор” e хотелскиот комплекс на Адолф Хитлер лоциран на германскиот остров Риген за 20.000 гости кој повторно проработе.
Проектот не бил довршен според планот, бидејќи почнала Втората светска војна.
Овој комплекс на згради за одмор се протегаат со километри покрај морскиот брег. Целта била 20.000 луѓе наеднаш да го поминат годишниот одмор во комплексот долг неколку километри и тоа во организација на нацистичката органзиација ,,Сила преку одмор”.
Зградите се користеле како касарни прво за хитлеровата војска, а потоа и од војската на Источна Германија. По падот на Берлинскиот ѕид, комлексот има статус на историски споменик.
Денес во комплексот има продавници, фризерници, ресторани и пекарници.