(ФОТО) Камион пропадна во дупка среде Широк Сокак
Објавено во: Стил 11 Декември, 2015
Најпознатата битолска улица Широк Сокак, денеска можеше да се виде во необично издание. Улицата беше блокирана, откако капион се превртил и пропаднал во дупка ископана за градежни активности.
-При изградба на приклучок за објект настана дефект пропаднаа плочките на Широк Сокак, најверојатно поради интервенции под нив, и така пропадна и нашиот камион. За среќа нема никој повреден , моментално ја чекаме дигалката да дојде и да го извлече камионот од дупката. За кратко време ова сето ќе биде санирано, изјави Кире Крстевски, директор на ЈП Нискоградба
За извлекување на киперот е ангажиран багер.