08 Мај, 2024
0.0229

ФОТО: Куба – не ни сонувате што ве очекува таму…

Објавено во: Стил 01 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Денес сите зборуваат за Куба. И има зошто. Куба е на границата на две епохи - минатото и сегашноста, социјализам и соништа за демократија, револуционери - живи легенди кои преговараат со капиталистички инвеститори.

Ниту една друга дестинација не е толку итна, како Куба. Во моментов тешко се наоѓаат билети за летовите, многу патници од цел свет се упатиле натаму. Хотелите ги зголемиле цените, бидејќи побарувачката е поголема од понудата.

Но која е всушност Куба? Која е Хавана?

Во почетокот на 16 век, откако шпанските освојувачи ги ограбиле богатствата на Северна и Јужна Америка, Хавана станала местото за подготовка на шпанската флота на патот назад кон Европа. Во текот на неколку месеци во годината, бродови, кои се враќале од цела Северна и Јужна Америка, натоварени со скапоцени товари бавно се собрале во пристаништето.

5

Деветнаесеттиот век е период на раст кога се изградени едни од најубавите згради, импресивни  со аристократска елеганција. Во 1902 година, по војните за независност, северноамериканското влијание и од парите кои се собираат во градот во првата половина на дваесеттиот век, изникнуваат нови хотели и славни палати.

Хавана е главен град и најголем град на Куба, големо пристаниште и водечки трговски центар.  Тој има население од над 2 милиони луѓе. Во реонот на Карибите, Хавана е трет по големина, најголемиот по површина и најнаселен град.

6

Во мај 2015 година, Хавана и официјално е признаен како еден од новите седум градови - чуда на светот, заедно со Виган, Доха, Ла Паз, Дурбан, Бејрут и Куала Лумпур.

7