30 Април, 2024
0.0251

(ФОТО) ЛЕТУВАТЕ ВО СИТОНИЈА? Посетете ги овие плажи а и дивите не одминувајте ги!

Објавено во: Балкан, Стил 26 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Ситонија е вториот крак од трозабиот полуостров Халкидики, кој за разлика од првиот, Касандра, е многу помалку посетен од туристи, а крие неверојатни убавини, особено за оние туристи што сакаат авантури.

Кога пристигнувате со автомобил на полуостровот Ситонија, прво ќе го здогледате малото селце Никити. Оттука, патот се дели на два дела – едниот продолжува право по западниот брег на Ситонија, а другиот ве води лево, кон источната страна.

sitonija

Без разлика во која насока возите – јужно кон Торони или пак источно кон Сарти, патот, речиси без исклучок, го следи брегот и ви отвора неверојатни пејзажи. Многу често од страната на морето ќе здогледате мали, земјени патчиња што се исклучуваат од главниот пат.

Ако свртите по нив, ќе стигнете до една од стотиците мали, диви плажи, што се вистинско богатство на Ситонија. Секако, препорачуваме внимателност, бидејќи тие патишта не се секогаш  во добра состојба, но откако ќе пристигнете на плажата, ќе заборавите на сите попатни проблеми, бидејќи ќе бидете воодушевени од беспрекорната убавина на дивата страна на Ситонија.

Ова се дел од плажите кои ви пепорачуваме да ги посетите на овој крак

Armenistis

Armenistis

Една од најубавите плажи вО грција. Има 600 метри ситен песок и неверојатна тиркизна боја. На плажата можете да пронајдете и интересни барови, па дури и камп.

Kavourotrypes (Orange Beach)

Ова не е една, туку повеќе километри помали плажи и лагуни. Orange има неколку барови, лежалки и чадори. Обично привлекува млади лица и кампери кои шаторите ги распостелуваат во близина на боровата шума.

Sykia

Sykia

Популарна меѓу камперите, оваа плажа има 1,5 км долг брег и прекрасен песок. Посетителите обично се собираат во барови во кои може да изнајмите лежалки и чадори.

Kriaritski

Kriaritski

Не е така лесно да седојде до неа, па многу туристи и не знаат дека постои. На неа доминираат карпи и камења, па ќе имате чуство дека се наоѓате на некој грчки остров. Таа е најблиска до Света Гора, а набљудувањето на заоѓањето на сонцето од некоја карпа може да биде незаборавно.

Kalamitsi

Kalamitsi

Оваа плажа се состои од три преубави лагуни, од кои една е претворена во камп, другата (средна) има хотели, а третата - ништо. И навистина третата е наменета за нудисти.

Tristinika

Tristinika

Северно од Торони се наоѓа 1,2 км долгата плажа прекриена со бел песок. Освен камп и бара на неа, нема речиси ништо. Ако ја посетите вон сезона, нема да најдете ни многу луѓе.

Lagomandra

lagomandra

Фина песочна плажа поделена на три одделни целини. Таа има апсолутно се-борова шума, во која може да се сокриете од сонцето, ресторани, и плажи како и организирани водени спортови.

Kalogria

Kalogria

Оваа плажа долга 600 метри е обиколена со борова шума. Многу е популарна, па е подобро да ја посетите во раните утрински часови. На неа може да се изнајмат лежалки, а на јужниот дел има повеќе плитки места па е погодна за одмор со деца.

Agios Ioannis

Agios Ioannis

Оваа плажа е долга 700 метри и има фин песок кој им се допаѓа воглавно на младите посетители. Ако одлучите да ја посетоте, задолжително понесете си нешто за јадење, бидејќи во баровите нема да најете ништо од тоа.

Бидејќи е свртена кон југ, водата е многу топла. Многумина ја сметаат за најубава плажа на Ситонија.

 

Можеби ќе ве интересира

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница