12 Мај, 2024
0.0417

(ФОТО) Модерниот воз пуштен во употреба, еве на кои линии ќе сообраќа

Објавено во: Стил 08 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Првиот од шесте кинески возови кои Македонија ги нарача од Кина, денеска беше пуштен во редовен сообраќај.

Шесте нови гарнитури се со капацитет од околу 1.200 патници или секоја по 200 патници, а ќе се користат на најфреквентните линии.

174C249A67D55D458F29925EF5E79DC7Новиот воз сообраќа на редовните линии од Скопје за Велес во 9 и 13,20 ч., од Велес за Скопје во 11,50 и 14,25 ч. и од Скопје за Табановце во попладневните часови.

d4c6723c-0874-4dec-b894-35b7146b75c0-9voz

Тој со електронска табла за управување, камери наместо ретровизори, монитори за кабината на машиновозачот, климатизирани вагони, електронски дисплеи за означување на станиците, и вакуум-тоалети.

21d3c779-145a-4483-a77c-64ab69ec34cc-13vozЗа набавката на новите возови ќе бидат потрошени 25 милиони евра, а производител на новите возови е кинеската компанија „ЦСР“