(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Ветерот собори гранки, на планините има снег
Објавено во: Балкан 16 Април, 2024
Невреме ја зафати Хрватска.
Пожарникарите во Загреб и во Осиек денеска имаа бројни интервенции поради ветрот кој кршеше гранки.
Наглото намалување на температурата во Загорје донесе снег, а во исто време во 15 часот во Шибеник изнесуваше 25 степени. Вчера беше речиси 30 степени, а денеска паѓа снег во Загорје, јавува 24сата.хр.
„Од 7 до 12:30 часот извршивме 12 интервенции, два пожари, осум интервенции главно поврзани со отстранување на гранки и дрвја, едно отстранување на лим и еден увид во врска со автомобил во Сава“, изјави наредникот на противпожарната служба Синиша Џембрич oд Осиек.Промена на времето од утре се очекува и во Македонија.