08 Мај, 2024
0.0240

(ФОТО) Патува низ светот без пари: Ја напуштил работата од канцеларија и си го остварил сонот

Објавено во: Стил 15 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Ричард Тилни Басет од Велика Британија одлучил во јули минатата година да ја напушти работата во канцеларија и да се впушти во авантура.

Секој од нас сонува за пат околу светот, а тој одлучил тоа да го спроведе во дело и без пари.

Иако неговиот план звучи навистина невозможно, сметајќи дека парите секако му се потребни за храна, карти, сместување и останати дневни трошоци, Басет дошол до една идеја-да нуди свои услуги на фотографи во разни делови од светот во замена за превоз и сместување.

Ричард тогаш изјавил дека не знаел како да стане фотограф или себе да се презентира како фотограф. Сепак не се откажал и почнал да прифаќа локални работи за да извести за тоа.

Недолго потоа, почнал да ја шири работата и во други земји. Од лани , кога почнал да се занимава со фотогафирање, имал 64 повици. Правел фотографии на места или настани во Италија, Франција, Швајцарија, Кенија и многу други земји.


Добил шанса да го фотографира меѓунардониот маратон во Уганда одржан во мај оваа година. Оние кои ги сакаат неговите фотографии му организираат сместување, храна и превоз, додека за фотографиите не плаќаат ништо.


Желба му е да го посети секој континент и не планира да престане со оваа работа, бидејќи како што вели има уште многу работи да види.