02 Мај, 2024
0.0243

ФОТО: Пет причини поради кои треба да ја сакате Будва

Објавено во: Стил 19 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

„Worldwide Scott” е блог кој го пишува Американец познат како Скот.

2

Тој неодамна ја посетил Црна Гора и наведува пет причини поради кои треба да ја сакате Будва, град кој него го воодушевил.

Прва причина е стариот град и вели дека сè почнува и завршува во стариот град.

Неговата убавина не бледнее, наведува Американецот. Пишува дека стариот град изгледа совршено и романтично.

Како втора причина го наведува кипот - Будванска танчерка. За него вели дека е преубав и е симбол на Будва.

5

Друга причина поради која мора да ја засакате Будва се плажите.

3

Понатаму, Американецот го споменува островот Свети Никола. На островот има зеленило, а плажите се одлични за уживање.

За крај ја наведува „карневалската атмосфера“. Опишува дека во лето во Будва има многу туристи, барови, улични продавачи...

4