(ФОТО) Почесни плотуни по повод 8 - ми Септември
Објавено во: Македонија, Галерија 07 Септември, 2017
Почесна артилериска стрелба со плотуни е организирана по повод празникот 8 - ми Септември - Денот на независноста на Македонија.
Владата на Република Македонија која ја организира централната прослава за 8 - ми Септември одбра да го направи тоа под мотото „Македонија слободна, слободно живее“.
Од Владата посочија дека прославата ќе има скромен буџет за овогодинешната прослава, а истата започнува уште денеска од 17:30 часот. Во музичкиот дел ќе настапат Бени Шаќири, Влатко Стефановски, Љубојна, К’пурдат од Тетово, Шутка Рома Рап и хип хоп артистот Слаткар.
ФОТО ФАКТОР