11 Мај, 2024
0.0245

(ФОТО) Пристигна и вториот модерен воз – еве каде ќе сообраќа

Објавено во: Стил 11 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Вториот од шесте кинески патнички возови пристигна на Македонски железници. Новиот патнички воз има капацитет од 200 патници, а ќе сообраќа на релација Скопје-Битола.

Според министерот за транспорт Мисајловски, согласно договорот, до крајот на април ќе пристигнат и останатите возови.

174C249A67D55D458F29925EF5E79DC7-261x300Во понеделникот првиот воз започна со редовен сообраќај на линиите од Скопје за Велес во 9 и 13,20 ч., од Велес за Скопје во 11,50 и 14,25 ч. и од Скопје за Табановце во попладневните часови.d4c6723c-0874-4dec-b894-35b7146b75c0-9voz-300x172

Возовите имаат  електронска табла за управување, камери наместо ретровизори, монитори за кабината на машиновозачот, климатизирани вагони, електронски дисплеи за означување на станиците, и вакуум-тоалети.

21d3c779-145a-4483-a77c-64ab69ec34cc-13voz-300x202

За набавката на новите возови ќе бидат потрошени 25 милиони евра, а производител на новите возови е кинеската компанија „ЦСР“