(ФОТО) Шилегов: Претходната власт имала ВИП луксузни кабини за возење со жичницата кон Водно
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2017
Претходната политичка гарнитура не штедела ни за кабини за жичницата кон Водно.
Новиот скопски градоначалник Петре Шилегов пред малку на социјалната мрежа Фејсбук сподели фотографии со кои покажува две луксузни ВИП кабини.
Шилегов покрај фотографиите пишува „Не бил само мерцедесот ... ВИП кабините на жичарницата, кои не се за општа употреба“.