(ФОТО) Свечено отворање на Macedonia X-Treme 2015: Balkan Bike Festival
Објавено во: Стил 19 Септември, 2015
Објавено во: Стил 19 Септември, 2015
Веднаш по отворањето од страна на Бен Савиќ и неговата група Savage Skills, започнаа квалификациите за Македонија BMX open натпреварот, а по нив следуваше и тренингот за FMB WORLD TOUR SILVER EVENT, секако проследен со забава и музика.
Она што денес ги очекува зависниците од адреналин се квалификациите за FMB WORLD TOUR, кои започнаа во 10:00 часот и траат се до 14 часот. По нив е големото BMX OPEN НАТПРЕВАР ФИНАЛЕ, додека пак вечерта не очекува финалето за FMB WORLD TOUR SILVER EVENT-от проследено со забава и музика. Сите овие активности се планирани и ќе се случуваат пред платото на Скопје Сити Мол, додека пак МТВ XCM МАРАТОН, кој започна во 08 часот наутро пред Скејт Паркот во Карпош, а од таму велосипедистите се упатија кон Водно и повторно назад до молот. Она што исто така ќе се случува денес на Водно е и официјалниот тренинг за UCI/BX XC трката.
За најмладите вреди да се напомене дека пред платото на Скопје Сити Мол е поставена и Детската Вело школа на молот, која функционира секој ден за време на Балкан Бајк Фестивалот. Детската вело Скопје Сити Мол школа е наменета за дечиња од 4 до 12 години, а она што може да се очекува за нив се интересните спори трки, кружни/полигон трки, многу забава, едукација за велосипедизмот, смеа и музика.
ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството
ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски
Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид
„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров
ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа
Државно претпријатие направи добивка од 100 милиони евра и ја зголеми просечната плата за 100 евра
АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто
„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог
„ДА НЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е ТОЈ МРТОВ ЧОВЕК, БИДЕЈЌИ СИТЕ ТИЕ СЕ ПРИЛИЧНО ЖИВИ“ - адвокатот на семејствата огорчен од таткото на Коста
Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина
Оружје за Украина - пари за САД
Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок
Сите написи се користат само за лично информирање.
Преземање, нивно користење и реемитување се можни само со посебен договор со основачот на порталот.
© 2024 FAKTOR