07 Мај, 2024
0.0226

ФОТО+ВИДЕО:Колекционер собрал 50.000 лименки од пиво

Објавено во: Стил 16 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Германецот Ханс Јорн поседува неверојатна колекција од 50.000 лименки од пиво.

Тие се од над 80 различни земји, и со нив овој човек темелно го уредил својот дом.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/jnzj0eE2Yu0[/embed]

Меѓу нив има лименки од Германија, Шведска, Америка и други земји. Колекционерот го почнал ова свое хоби пред 43 години.  Во почетокот собирал само пивски капачиња, но еден ден добил подарок од мајка си, пиво од Западна Германија. Тој бил импресиониран од лименката и решил да направи колекција. За да набавува пива од целиот свет, Ханс посетувал многу саеми во Данска, Германија и Швајцарија. Вели дека за ништо на светот не би ги фрлил лименките, бидејќи потрошил многу време од својот живот во нивно собирање.