03 Мај, 2024
0.0330

ФОТО+ВИДЕО:Роботот Да Винчи оперира пациенти во Плевен

Објавено во: Стил 08 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Во болницата има уште еден робот - Грег, кој помага при визита на пациентите кога лекарот не е во болница

Во Плевен, Бугарија екипите на проф. Григор Ѓорчев оперираат со робот Да Винчи. Поради воведувањето на роботски хирургија во Југоисточна Европа, професорот е номиниран за наградата „Христо и Евлогиј Георгиев".

„Ова е хирургија на иднината, која веќе работи со полна брзина. Во САД е стандардна во гинекологија, урологија, абдоминална хирургија, додека во Европа се уште заостанува. Таа е малку конзервативна "- коментира професорот.

На почетокот пациентите биле исплашени од тоа што една машина ќе ги извршува работите наместо хирург. Тие подоцна се навикнаа на него, а некои доаѓаат тука да се лекуваат и оперираат само заради роботот.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/KrWG2e69KE0[/embed]