07 Мај, 2024
0.0243

ФОТО:За 28 дена дете поминало пеш 830 км

Објавено во: Стил 20 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Јан Јасуп од хрватскиот град Ријека освои награда затоа што го помина долгиот пат на Светиот Јаков во Шпанија.

Минатото лето со мајка му пешачел 28 дена. Ова 10 годишно момче минатата недела ја освои наградата Дијана Клариќ, во категоријата Патник на годината. Тој е најмладиот кој го поминал патот во Шпанија долг 830 км за 28 дена.

Првата точка од која тргнале била Сент Јан Пие де Порт во Франција од каде тргнале кон градот Сантиаго де Компостела.

Дневно минувале со мајка му Сања од 25 до 30 км, а на целта стигнале за 28 дена.

Сања вели дека попат сретнале многу луѓе и им препорачува на родителите повеќе време да поминуваат со своите деца и да ги изнесат во природа.

b6500a864842e467522d

„Ваквите искуства се највредни и не можат да се научат во ниту едно училиште“- вели таа.

По желба на момчето, штом се вратиле во Ријека се запишале во планинарско друштво за да повеќе време поминуваат на планина.

19088cff92a1c122ae51