(ФОТО+ВИДЕО) ГИ ПОГОДИ НАЈСИЛЕН ТАЈФУН ВО ИСТОРИЈАТА: Силен ветер фрли жена на ѕид оддалечен 30 метри
Објавено во: Свет 08 Септември, 2019
Јужна Кореја ја погоди најсилниот тајфун во историјата, при што три лица загинаа, а 15 се примени во болница.
Поради тајфунот Линглинг без струја се повеќе од 161.000 домаќинства ширум Јужна Кореја, вклучувајќи го и јужниот остров Јејо.
Постара жена во централниот град Борјеонг настрада кога силниот ветер ја однел и ја фрлил на ѕид оддалечен 30 метри.
39-годишен маж загина на западот од земјата кога врз него се урнал ѕид на паркингот на болница, додека 61-годишен кинески државјанин загинал во пограничниот град Пајо откако врз него паднала керамида.