(ФОТО+ВИДЕО) Мало гратче во Италија плаќа за доселување
Објавено во: Свет 05 Февруари, 2019
Град во Италија има поинаква примамлива понуда, така што нуди 9.000 евра по човек за да се преселите и да живеете таму.
Локана е живописен град кој се наоѓа на 46 километри северозападно од Торино.
Градоначалникот на Локана, Џовани Матиет ја спроведе оваа кампања поради опаѓањето на бројот на жители од 7.000 во раните 90-ти на едвај 1.500 денес.
Понудата за живеење во напуштените куќи беше само за италијански државјани, но сега важи и на останатите.
Градоначалникот се надева дека на овој начин ќе привлече млади луѓе кои работат од дома или сакаат да почнат нова работа во рурална средина.
Гратчето има потенцијал за оживување благодарение на еколошки произведената струја од хидроелектраната што се продава на државата.