(ФОТО+ВИДЕО) Вакви се летувалиштата во Грција по невремето
Објавено во: Балкан 18 Јули, 2017
Стотина автомобили во невремето во Грција завршија под вода или во кал.
Поплавени се апартмани и хотели. Пожарникарите имале десетици интервенции, а вода се испумпува од објектите.
Најкритично било на западната страна од Халкидики.
Сликата е ужасна, има уништени патишта, а штетите се проценуваат.
Како што кажуваат надлежните, многу од туристите останале во местата каде се сместени и чекаат да помине невремето.
На југот на Ситонија неколку семејства го откажале сместувањето, а еден турист барал да биде преместен.
Температурата во Ситонија сега е 24 степени. Во понеделник се очекуваат температури над 30 степени.