(ГАЛЕРИЈА) Екс лидерот на СДСМ Црвенковски во први редови со поддршка за Заев
Објавено во: Македонија, Галерија 27 Мај, 2017
Јавноста ретко има прилика да го види екс лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, а денеска тој се појави на партискиот конгрес на некогашната негова партија.
Бранко Црвенковски во салата влезе заедно со Заев а претходно тие се поздравија лидерски ракувајќи се.
Црвенковски седеше во првите редови како гостин и го слушаше обраќањето на Заев .
Во април 2013 година Црвенковски се повлече од лидерската позиција во СДСМ и токму тогаш на чело на партијата застана мандатарот Заев.
СДСМ како партија е формирана на 20 април 1991 година. Кормилото на оваа партија го управуваа уште Владо Бучковски и Радмила Шеќеринска.
Во прилог ви пренесуваме дел од атмосферата преку објективот на Фактор.