03 Мај, 2024
0.0306

(Галерија) Како помина првиот ден од отворениот камп во Скопје по Insanity и PiYo

Објавено во: Стил 05 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Скопје викендов живее во духот на фитнесот, здравиот начин на живот и забавата.

Од вчера во градот пристигна и најдобриот инструктор по ултра популарните фитнес програми, Insanity и PiYo, Иван Германов од Бугарија, кој во Synergy Fitness & Spa одржува отворен тренинг камп.

Имено на 4,ти, 5ти и 6-ти март во Скопје, Иван кој повеќе од 12 години е фитнес инструктор, ќе одржи бесплатни 4 интензивни тренинзи.

cd37e148-29bb-49d8-a728-143ea1bb025d

5baa8f40-9888-41a9-b2c2-b20808ce1ea6

Вчерашниот час по Insanity помина со неверојатно големо внимание од јавноста. Над 50-на девојки и момци, но и постари вљубеници во најпопуларните во моментов фитнес програми во светот, Insanity и PiYo, буквално ја преполнија салата ивежбаа заедно со Иван.

ec5678f9-1715-49ab-bf94-c59cc3e3f08e

„Прекрасно се чувствувам во Скопје и навистина сум изненаден од тоа колку луѓето тука сакаат да вежбаат. Insanity е фитнес програма која е изградена врз основа на програми за подготовка на професионални спортисти, но е адаптирана и направена да биде достапна за масовната публика и навистина ми е мило што вчера во 17:00 часот Synergy Fitness & Spa беше место во кое дојдоа многу луѓе и заедно споделивме позитивна енергија. Се надевам дека денеска, но и утре, исто така ќе биде многу забавно, особено на PiYoвежбите кои se oдличен тренинг режим кој ми дава стабилност и цврстина. PiYo е комбинацијаодПилатес и јога, носомалкупоголеминтензитет, изјавиГерманов.

ca695618-2e78-462f-b95b-4d6d954cb470

Тренинзите кои ќе се одржат денеска, сабота, од 10:00 до 11:00 PiYo и од 16:00 до 17:00 часот Insanity, како и во недела од 12:00 - 13:00 PiYo вежби се бесплатни.