03 Мај, 2024
0.0271

(ГАЛЕРИЈА) ЌЕ САКАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ТАМУ: Милионер создаде еколошки „Град на сонцето“

Објавено во: Стил 06 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Латвиски милионер проектираше и постави уникатна еколошка населба наречена „Градот на сонцето“.

Таа е распослана на 30 илјади хектари и се наоѓа во шумовит и ридски терен во околината на латвискиот град Цесис. Во него се живее по посебни правила, а луѓето се радуваат на доста поразлично секојдневие.

rainazemle4

„Идејата за изградба на ова село се роди, кога сфатив дека сакам да живеам во сопствена удобна куќа во близина на вода, која се наоѓа на живописно место во шумата“, вели авторот на проектот Аиварс Звирбулис.

rainazemle5

Сите куќи се изградени од еколошки материјали и имаат мало езеро и шума.

rainazemle6

Сите куќи се опремени со централна канализација, брз Интернет и електрична енергија. Интересно е дека становите се загреваат претежно од „топлината на земјата“ со помош на геотермална топлинска пумпа.

rainazemle3

Овој ресурс е доволен за греење и обезбедување на топла вода во секоја куќа. Само во студените зимски денови жителите палат огништа.

rainazemle4 (1)

Куќите се изградени во еколошки чист регион во кој живеат и многу диви животни.

rainazemle7