(ГАЛЕРИЈА) Огнената стихија во Карпош под контрола и без повредени-штетата допрва ќе се знае
Објавено во: Македонија 21 Април, 2017
Пожарот кој беснееше во скопски Карпош во бараките на кај СУГС „Здравко Цветковски“ на булеварот „Партизански одреди“ е локализиран и навремено ставен под контрола.
Интервенцијата на 30 пожарникари и 15 противпожарни возила се бореше со огнената стихија во која изгореа бараките во кои се сместени Заводот за урбанизам и архитектура и Институтот за социолошко и политичко правни истражувања и уште неколку празни објекти во нивна близина.
Командатот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески кажа дека се работело за голем пожар во кој нема повредени а штетите допрва ќе се утврдуваат.
Фотографот на Фактор.мк директно од местото на пожарот ја направи оваа галерија: