06 Мај, 2024
0.0256

(ГАЛЕРИЈА) Што заклучи Димитров по средбата со Коѕијас?

Објавено во: Македонија, Галерија 23 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во Министерството за надворешни работи, се одржа средба помеѓу шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, по што беше одржана прес-конференција.

Димитров изјави дека имале добри разговори во кои доминирало прашањето за разликите околу името и за градење на идните односи.

„Треба да најдеме решение кое нема да понижи никого и ќе ги отвори вратите на иднината“, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров 

Тој додаде дека ова е долгогодишен проблем, во кој заеднички интерес е да се најде решение. 

„Кога размислуваме за иднината тешко е да се најдат разлики, но за да се стигне до таму треба да ја надминеме актуелната разлика околу името. Задачата не е лесна, ова практично е втора вистинска средба на која разговараме за сите суштински елементи, Се работи за многу деликатен баланс. Половина ден размислувам што е важно за јавноста во Грција, а другата половина што е најважно за нас. Ако мало чекорче се направи во еден правец, целата равенка се поместува“,  рече Димитров.

Македонскиот министер додаде дека двете страни се обидуваат да изградат доверба, но посочи дека смета оти се уште има предрасуди.

„Мислам дека и од другата страна, се надевам Никос тоа ќе го потврди, има вистинска желба ова да се надмине, на начин што нема да понижи никого. Најважно е да не се допираат вакви прашања, но тоа не помага, затоа ќе продолжиме„   рече министерот Димитров

Тој најави дека следната недела  ќе има нова средба со Коѕијас во Виена на која ќе биде и медијаторот Метју Нимиц.


ФОТО: ФАКТОР


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува