(ГАЛЕРИЈА) Жени-хероини кои ја одбележаа 2015
Објавено во: Свет, Стил 13 Декември, 2015
Американскиот медиум BuzzFeed направи листа од најхрабрите жени, кои ја одбележаа 2015 година. Меѓу нив се најде и активистка и борец за човеки права од Македонија.
Погледнете кои се жените-хероини и зошто токму тие се најдоа на овогодинешната листа.
1. 23- годишната Нилофар Рахмани е првиот женски воен пилот во Авганистан 2. 57 девојчиња кои избегаа од ропство на терористичката група Боко Харем се враќаат на училиште 3. Германка го држи својот докторат кој го направи на нејзини 102- годишна возраст, 77 години подоцна откако Нацистите ја спречија во нејзиниот прв обид 4. Девојче протестира во Аргентина, заедно со уште илјадници жени , против насилството и убивањето на жените во нивната земја. 5. Аргентинска политичарка Викторија Донда Перез ја дои својата ќерка за време на паузата во Парламентот. 6. Првата жена на Кина која доби Нобелова награда за медицина, иако немала диплома 7. „Црни Мамби”, првата патрола на жени за заштита на ендемските видови на животни во Јужна Африка 8. Девојче-бегалец од Сирија, кое продолжи да игра фудбал за нејзината земја иако е распарчена од војната 9. 23-годишната Мариа Идриси стана првата муслиманка модел за H&M 10. Јасмина Голубовска, активист и борец за човекови права, остава бакнеж со кармин на полициски штит, за време на анти-владините протести во Македонија.