17 Мај, 2024
0.1371

ГАЗДИТЕ НЕПЛАЌАЧИ СЕ ИСПЛАШИЈА ОД КРИВИЧНИТЕ ПРИЈАВИ - деновиве побрзаа да се раздолжат за платите

Објавено во: Економија 08 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Дел од газдите што зедоа државна помош, а не исплатија плати, изгледа се исплашија од кривичните пријави со кои им се закани Владата, па ден по ден почнуваат да се раздолжуваат кон своите вработени.

Ако на стартот беа откриени 708 такви компании, а до 4 август нивниот број се намали до 413 фирми, еден ден подоцна, односно на 5 август, нивниот број се свел на 366 фирми. Или, 157 компании кои не дале плата за април, и 209 фирми кои не се раздолжиле за мај со своите вработени. 

Вчера беше последниот ден кој власта им го даде како финален рок на фирмите неплаќачи да ги измират своите долгови. 

Дали и колку од овие преостанати 366 фирми ќе го исправат протустот и ќе им исплатата плати на работниците, ќе се знае во понеделник, идната недела.

А за оние што тоа не го стриле и заклучно со вчерашниот ден, Владата, како што вети, ќе поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство.

А дел од Експертите за Фактор коментираа дека платата за извршената работа е основното право на работникот, а државата треба да го штити и да се грижи тој навреме да ја добие, бидејќи тој е послаба страна во односот со газдата. Затоа и со Кривичниот законик е утврдено дека кршењето на ова право се дефинира како кривично дело и треба да се санкционира. Сепак, тоа што Владата им даде дополнителен рок на газдите кои токму за исплата на плата добија државна помош, е форма на притисок врз нив за да ја исполнат својата обврска, без за тоа да бидат санкционирани. 

Вака даночниот експерт Павле Гацов за Фактор ја коментира најавата на власта дека ќе им даде дополнителен рок на фирмите неплаќачи на плата, заклучно со денешниот ден да се раздолжат кон своите работници.

„Работниот однос е специфичен договорен однос, уреден со Закон. Страните во работниот однос немаат иста сила, па затоа законодавецот и институциите преку Законот за работните односи, ги уредуваат правилата во овој однос, штитејќи го послабиот- РАБОТНИКОТ. Основно право од овој однос е правото на плата. ЗРО определил рок за исплата на платата и санкции за непочитување на овој рок, а Кривичниот законик дополнително кршењето на правата од работен однос на работникот ги дефинирал како кривично дело. Давањето на дополнителни рокови за исплата на платите претставува форма на притисок на работодавачите да ги исполнат своите законски обврски. Државниот инспекторат на труд е органот окој се грижи за примената на прописите од работните односи и изрекува мерки за прекршување на законските обврски“, објснува Гацов за Фактор.

Прописи кои ја уредуваат обврската и рокот за исплата на плати, според Гацов, се Законот за работните односи и Кривичниот законик. 

Согласно со членот 109 од ЗРО, платата се исплатува за периоди кои не смеат да бидат подолги од еден месец.

„Платата се исплаќа најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период (месец). Со член 265 став 1 точка 10 е предвидена глоба од 3.000 евра за работодавачот (правно лице) и 900 евра за законскиот застапник (директорот) ако не е исплатена платата во законскиот рок“, стои во Законот за работни односи. 

Во Кривичниот законик, пак, е наведено што е повреда на правата од работен однос. А за тоа се предвидени дури и затворски казни. 

Според член 166 (1) „Тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инвалидите или за забрана на прекувремената или ноќната работа и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. (2) Тој што ќе побара од работник да му врати или ќе прими одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот, ќе се казни со затвор од три месеци до една година. (3) Со казната од ставот (2) ќе се казни работодавачот кој на работник ќе му врачи отказ поради тоа што го пријавил работодавачот или дал исказ во својство на сведок за тоа дека му побарал на работникот да врати одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот или не го вратил износот. (4) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна“, се наведува во Кривичниот законик. 

Генералниот секретаријат на Владата најави дека во понеделник ќе ја достави листата до Основното јавно обвинителство. Владата има свое оправдување за тоа што и покрај тоа што поминаа сите рокови во кои фирмите требаше да се раздолжат и за нив требаше да се бара одговорност, сега повторно на некој начин им се прогледува низ прсти и ќе можат да поминат несанкционирано. Велат дека остануваат на својата политика која од стартот ја заговараат, а тоа е прво да се опоменува, па потоа да се казнува.

А дел од експертите, пак, кои бараат да останат анонимни, за Фактор велат дека не е јасно зошто целата оваа операција се одвива преку Генералниот секретаријат на Владата, кој, според нив, за овој случај не е надлежен, а молчи институцијата која треба да е гласна, а таа е Комисијата за заштита на конкуренцијата. 

За нив е оправдано што ќе се бара кривична одговорност од несовесните газди, но предупредуваат дека постапките би можеле да завршт дури и до 2.022 година, па прашањето е дали дотогаш работниците би требало да чекаат да си ги земат платите. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите