04 Мај, 2024
0.0251

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Глобалната економија останува релативно слаба

Објавено во: Економија 26 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

–Иако нова недела, но случувањата во светот се истите. Економските и политичките состојби во светот остануваат исклучително комплексни и имаат негативно влијание врз пазарите, централните банки, а владите успешно го заменуваат ова со стимулативни политики и политички изјави што од друга страна ги поддржува пазарите и ги присилува кон нови рекорди. Пандемијата во земјите надвор од Европа покажува знаци на стабилизација, иако бројот на заразени и мртви се стабилизира на горните нивоа. Останува прашањето дали бројот на заразени лица расте побавно бидејќи земјите едноставно не се способни за повеќе тестирање од моменталните, а смртноста во последните неколку недели е сè уште под она ниво од пролетта, бидејќи структурата на заразените лица се смени и сега помладите луѓе се заразуваат на забави и одмори. Во последните неколку недели загрижува засилувањето на заразените во претходно релативно безбедни земји во Европа каде се очекува напнат есенско-зимски период. На секоја вест за вакцините и новите методи на лекување каде тестирањата се во забрзана фаза, пазарот реагира позитивно. Вниманието на медиумите се префрла од пандемијата кон политичките тензии во светот, особено помеѓу САД и Кина, каде прашањето на кражба на интелектуална сопственост се манифестира со закани за кинеските компании кои котираат во САД. Домашната политичка сцена во САД е се повеќе напната, неизвесна и поларизирана и носи неизвесност на пазарите, продолжуваат протестите низ американските градови, но донекаде исчезнаа од првите страници на медиумите. Во овие моменти на крај на летните одмори Европа изгледа како оаза на мирот, иако нема напредок со Brexit и преговорите се пролонгираат за во есен. Економската ситуација е сложена како во Турција така и во некои други јужни медитерански земји. Износот на поддршката на централните банки и државите кон пазарите и економиите од почетокот на пандемијата според Голдман Сакс надмина 20 трилиони долари и продолжува да расте. Ова има силно влијание на сите пазари, ги поддржува негативните приноси на обврзници, EURIBOR го достигна своето најниско ниво во историјата со скоро -0,50% и ги турка берзите кон нови рекорди особено во ИТ секторот. Но релаксираната монетарна политика нема крај па затоа инвеститорите мора да бидат подготвени за нови изненадувања во форма на неочекуван и неконтролиран раст на индивидуалните инвестиции. Оваа недела централните банкари се состануваат на традиционалниот годишен состанок во Jackson Holе во САД каде веројатно ќе добиеме нови информации за идните политики. Но на пазарите и натаму владее алчноста и стравот од пропуштање на растот.

–Евтините пари продолжуваат да бидат движечката сила на пазарите. Растат претежно технолошките компании и други акции врзани за најновата технологија и купување преку интернет, а Apple и Tesla се издвојуваат во последната недела. Проблемот со овие акции е тоа што во многу случаи имаат високи евалуации иако некои нема да остварат профит уште неколку години. Затоа ризиците се зголемуваат. Ова ја покажува јачината на релаксираната монетарна политика или од друга страна инфлацијата на пазарите на капитал. Јазот меѓу 10-те најголеми компании во САД и останатите компании се шири. Apple стана првата компанија што ја надмина вредноста од 2 трилиони. Бидејќи Европа нема огромни технолошки компании, одговорот на берзата е послаб. Причините може да се најдат и во силното движење на еврото во однос на доларот бидејќи девизниот курс се движеше од 1,10 долари за евро на 1,18 долари за евро за само неколку недели, каде очигледно се соочи со посилен отпор. Ова ги зголеми стравувањата кај инвеститорите дека овој потег ќе има подлабоко влијание врз деловните резултати на европските извозници.

-Како во САД така и азиските технолошки акции се блиску до или на нови рекорди иако американската политика на дневна основа предвидува и воведува нови мерки против технолошкиот сектор во Кина. Најсилна закана е отстранување од котација од најголемиот и најтранспарентен пазар во светот (САД), што засега не влијае значително на кинеските акции. Компаниите за интернет продажба како Alibaba и JD.Com постигнуваат рекордни резултати и цените на берзите се зголемуваат. Пазарите на обврзници не забележаа големи промени во последните недели, со купувањето на централните банки за обезбедување ликвидност и ниски каматни стапки се повеќе се појавува прашањето за тоа што сè уште е на располагање што не носи негативен годишен приход од 0,50%.

Совети за инвеститорите:

-Ги задржуваме препораките кои ги повторуваме со недели. Одредени индустрии и акции се многу скапи (и стануваат уште поскапи), но со слични скапи обврзници и негативни банкарски инструменти инвеститорите немаат вистинска алтернатива. Сега не е време за екстреми во портфолијата. Препорачуваме диверзификација на средствата во портфолијата. Не се препорачува целото портфолио да биде инвестирано во акции, во обврзници ниту пак во пари. Ликвидносната поддршка за обврзниците и за акциите продолжува и го принудува растот на цените особено на акциите, но намалувањето или повлекувањето на оваа поддршка може брзо да донесе силна корекција. Трендот на раст на пазарите може да продолжи, но сепак и покрај подобрите податоци глобалната економија останува релативно слаба и иднината нејасна, а политичката неизвесност особено пред изборите во САД и растечките тензии меѓу САД и Кина расте. Затоа е неопходен избалансиран пристап кон инвестициите, со фокус кон индустриите кои подобро ја преживеале оваа криза и каде вреднувањето не е претерано. Тука се вклучуваат компаниите од здравствената заштита, потрошувачка и нега, како и технологија, но делови од оваа индустрија се скапи и покрај натпросечниот раст. Затоа, советуваме поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор. Инвеститорите кои се изложени на технологија над просекот треба да размислат за повлекување на дел од нивните профити и да извршат реструктурирање на портфолиото. Пазарите остануваат непредвидливи и очекуваме на есен да расте нестабилноста. Диверзификација на портфолио е од суштинско значење за намалување на ризикот. Долгорочните инвеститорите треба да продолжат со периодични вложувања, а оние што би вложиле поголема сума треба да ја распределат во подолг временски период. Пазарите може да продолжат да растат бидејќи стимулативните мерки продолжуваат, но не се исклучуваат длабоки привремени корекции. Епидемиолошките трендови во последните недели не се добри, меѓународните односи се повеќе се заоструваат, а умерениот оптимизам на пазарите може лесно да премине во песимизам, што исто така ќе доведе до посилна корекција на прегреаните берзи. Бидејќи цените на некои акции пораснаа нагло во последните неколку месеци, а евалуациите се високи, профитот на хартија е голем, па можното менување на трендот ќе донесе до брза и длабока корекција. Да не ја заборавиме старата берзанска поговорка дека оној кој ќе ја реализира добивката, тешко пропаѓа.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски