26 Април, 2024
0.0255

Германија ја запира социјалната помош на граѓани од ЕУ-На удар и Македонците!

Објавено во: Финансии 02 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Германскиот парламент официјално ги усвои измените во законот, кој драстично го ограничува пристапот на странци до социјалниот систем на земјата. Граѓаните на земјите од Европската унија ќе можат да претендираат за добивање на средства само ако 5 години живееле на територијата на Германија. Мерката е насочена против имигрантите кои доаѓаат во земјата, за да искористат конкретно од високото ниво на германските социјални бенефиции.

Поконкретно, тоа значи дека странците нема да можат да добиваат средства од државата, додека бараат работа во Германија. Оправдувањето наведува дека да претендираат за социјална помош ќе имаат право само оние кои живеат, работат и плаќаат даноци во земјата. До истекот на петгодишниот период граѓаните на ЕУ ќе можат да добијат еднократна помош - максимум за еден месец. Одлуката донесена од Бундестаг треба да биде разгледана и во горниот дом на парламентот по дискусија во Бундесрат.

Промените во законот, направени од германската влада, се одговор на одлуката на Федералниот суд за социјални прашања, кој во 2015 година пресуди дека бенефиции може да се исплаќаат за граѓани на ЕУ кои живеат во Германија во текот на повеќе од шест месеци.

Зборот „социјален туризам“ почнува да се користи нашироко во Германија во 2013 година . Тој се користи во одделните политики во однос на имигрантите од Источна Европа и други земји кои доаѓаат во побогатите европски земји (особено во Германија) со надеж за подобар живот. Терминот е прогласен за „анти-збор“ на 2013 година, бидејќи ги навредува мигрантите.

Според податоците на германското Биро за труд, во јануари 2016 вкупно 440 000 странци од ЕУ добивале социјална помош во Германија. 

Полските граѓани претставуваат најбројни група - со 92 000 луѓе. По нив се Италијанците со 72 000. А на трето и четврто место се рангираат Бугарите и Романците - со соодветно 71 000 и 57 000 лица кои примаат социјална помош во Германија. На петтото место се Грците - од 46 000.

Не сите од луѓето кои примаат помош се невработени. Многу од нив работат, но заработуваат премалку и добиваат финансиска поддршка од државата. Според германските власти сепак бројот на Бугарите и Романците, кои заработуваат премалку и се потпираат на државна социјална поддршка, е „сомнително висок“.

Тоа во превод значи дека и Македонските граѓани кои во Германија заминале за подобување на финансиската состојба, а работат со бугарски пасош директно се изложени на измените во законот, и за оние кои досега земале социјална помош.

Неодамна медиумите пренесуваа дека речиси 15 илјади Македонци живеат од социјална помош во Германија.

На крајот од април оваа година 26% од примателите на социјална помош во Германија биле странци кои се доселиле во земјата. Вкупно, тоа се 1.541.000 странци. Ова претставува зголемување од 170.000 лица во однос на минатата година.

Од друга страна, бројот на Германците кои примаат социјална помош се намалил за 239.995 лица, што во однос на минатата година претставува намалување за 5.2%. Сепак се уште има речиси три пати повеќе Германци кои примаат социјална помош во однос на странците. Според германскиот Завод за вработување, бројот на Германци приметели на социјална помош изнесува 4.360.086 лица.

Најбројни се Турците

Најголем број на странци приматели на социјална помош се Турците (295.000), втори се Сиријците (242.000), а на трето место се првите соседи на Германија, Полјаците (92.506). Според статистиката на Заводот за вработување може да се видат и националностите кај кои е забележан најголем пораст во примањето на социјална помош, при што јасно се гледа дека тоа се бегалците: Еритреја (зголемување за 229,4%) и од Сирија (зголемување за 195.4%).

Податоците на Заводот за вработување сведочат и за големите поместувања на пазарот на трудот во Европа. По влегувањето во ЕУ, Хрватска се истакнува како земја од која бројот на нејзините граѓани вработени во Германија се зголемил за 25% во последната година, од 123.377 на 154.404. Покрај Турците и Сиријците, се наведуваат и 16.150 државјани на Хрватска кои примаат социјална помош во Германија.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка