Германија ќе може да прими 25.000 балкански работници
Објавено во: Економија 23 Јули, 2020
Maкедонците и другите балканци сепак ќе можат да работат во Германија.
Земјата ги продолжи олеснувањата за влез на граѓаните на земјите од Западен Балкан.
Со новата одлука која ќе важи во следните три години ќе биде променето ограничувањето во бројот на лица кои ќе може да престојуваат во земјата.
Во Германија ќе може да пристигнат до 25.000 работници.
„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ објави дека земјата ги продолжи олеснувањата кога станува збор за правилата за влез во Германија за граѓаните од земјите од Западен Балкан.
Претходно, медиумите пишуваа дека Германија ќе го стопира приливот на работници од Западен Балкан.