08 Мај, 2024
0.0261

Германија се соочува со недостиг на работници-Милион празни места!

Објавено во: Стил 13 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Во Германија во првото тромесечие на 2016 година биле непополнети речиси милион работни места.

При што се уште владее голема побарувачка за квалификувана работна сила, јавува Институтот за истражување на пазарот на труд (ИАБ).

Во првото тромесечие на 2016 година ширум Германија 974 000 работни места биле непополнети што е 26 000 повеќе отколку во истиот период лани“, соопштува ИАБ.

При тоа на западот на Германија се непополнети 756, а на истокот 218 000 работни места.

Работодавците и понатаму најмногу бараат квалификувана работна сила. Најбарани сектори и понатаму се медицинскиот како и ИТ секторот и секторот градежништво.

Од истражувањето кое ИАБ редовно го спроведува меѓу германските работодавци, видливо е дека бројот на работни места кои би требало итно да се пополнат опаднал, но долгорочен интерес и понатаму постои.

„Тоа говори во прилог на тезата дека состојбата донекаде се смирила, но побарувачката и понатаму е голема“, соопшти ИАБ.

Еден дел од потребите за стручни работници се покрива со доселување, превенствено од земјите членки на Европската унија/

Само од Хрватска во 2015 во Германија се иселиле преку 50 000 граѓани.