ГЕРМАНИЈА ВЕЌЕ ИМА ПЛАН ЗА БАЛКАНОТ: Каква стратегија се „крчка“ за земјите од регионот?
Објавено во: Балкан 06 Јуни, 2017
Германија, како дознаваат „Вечерни новости“, подготвила посебна програма за Западен Балкан, кој би бил компензација за долгото чекање на влез во Европската унија.
Повикувајќи се на дипломатски извори „Новости“ наведуваат дека Берлин подготвил „Мини Маршалов план“ за Балканот кој во наредните неколку години би требало да ја подигне економијата на регионот и тој предлог наскоро ќе се најде на маса на Европскиот совет во Брисел, кој би требало да го одобри и одреди посебен фонд за балканските држави.
Спомнатиот план е наречен „Берлин плус“ а парите за негова реализација би требало помеѓу останатите, да ги обезбедат Европската економска зона која ја сочинуваат сите земји членки на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка како и Европската асоцијација за слободна трговија ЕФТА, на која со наведените држави, и припаѓа и Швајцарија.
Сумите уште не се познати, бидејќи допрва би требало да се организираат донаторски акции, но, поради обемноста на проектот, секако би требало да се значајни. Идејата е од нашиот регион во краток рок од неколку години да се создаде атрактивен економски простор.
Фондовите, помеѓу останатото, би можеле да се користат и за основање на нови фирми.
Една од целите е и Западен Балкан да се премрежи со инфраструктурни врски како што се автопатишта кои би ја споиле Србија со БиХ или Белград со Тирана преку Приштина.
ЕУ на овој начин би добила обучени работници и технолоши подготвен регион, а целата е со зголемување на стандардот западен Балкан да им се приближи повеќе на европските партнери.
Намерата е така да се „прескокне“ неизвесниот период од следните неколку години во кој ЕУ, пристисната од многубројни кризи, не планира да се шири. Силна причина за активирање на „Берлин плус“ е намалување на тензиите во регионот.
За Германија западен Балкан има големо безбедносно значење, се наведува во текстот. Шанса да се направи нешто конкретно по прашањето на „Берлин плус“ ќе има веќе следниот месец, кога во Трст се одржува редовен годишен самит за западен Балкан, пишуваат „Новости“.