30 Април, 2024
0.0259

ГЕРМАНСКА КОМОРА: Фирмите погодени од кризата можат да ги намалат трошоците со стручна даночна анализа

Објавено во: Економија 03 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Германската комора во земјава го поздравува брзото формирање на Владата, и смета дека борбата со коронавирусот мора да биде нејзин приоритет.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Демократска унија за интеграција минатата недела релативно брзо се договорија за формирање на нова влада откако обете партии се согласија да назначат технички премиер со албанско потекло сто дена пред следните парламентарни избори. Парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ заедно ќе имаат 61 од 120 места во парламентот. Партиите се согласија да ги спроведат сите реформи потребни за пристапување на земјата кон Европската унија, да се борат против корупцијата на сите нивоа, да го зајакнат судството, да се интензивира борбата против загадувањето, како и борбата со корона вирусот која мора да има приоритет. Северна Македонија сè уште е погодена од КОВИД-19 и има голем број на заболени лица. На претседателот на владата, Зоран Заев и на сите членови на владата им посакувам успех во нивната работа“, пишува во својата изјава во јавноста Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во земјава.

Вели дека Делегацијата овде и во иднина ќе остане конструктивен и критичен набљудувач на стопанската политика на владата и ќе служи како гласноговорник на инвеститорите.


„Делегацијата на германското стопанство ја поздравува одлуката на Владата со која 12-те партнер-компании во делот на дуалното стручно образование ќе продолжат со практична обука на учениците со што ќе им се овозможи да продолжат со редовното образование и навремено матурирање. Компаниите ќе се придржуваат до сите мерки и протоколи за зачувување на здравјето, како на вработените, така и на учениците. 


Голем дел од компаниите во време на криза носат одлуки за намалување на трошоците. Кај повеќето од нив, продажбата на добра и услуги не се одвива според плановите кои беа поставени на почетокот на оваа година. Со стручна даночна анализа може да намалите дел од постоечките трошоци.

Делегацијата на германското стопанство го засили својот тим со експерт за даночно и царинско советување. Изготвуваме анализи за избегнување на двојното оданочување согласно домашните и меѓународните даночни прописи. Вршиме даночно советување. Тука сме за Вас за што побрзо заеднички да ја надминеме оваа економска криза. 

Особено не радува дека границите на Северна Македонија се отворени за деловни патувања. Влегувањето во земјата се одвива без посебни ограничувања. Истата транспарентност и безбедност мора да биде овозможена и при влез во Германија. Деловните патувања се првиот чекор за нови инвестиции и одржување на постоечките индустриски капацитети, и сметаме дека овие факти политиката мора да ги има во предвид“, пишува Мартенс во својот допис до јавноста. 

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место