26 Април, 2024
0.0329

Гевгелија го подобри водоснабдувањето со средства од Јапонија

Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Луиза Винтон, заедно со првиот секретар на амбасадата на Јапонија во Виена, Тојоказу Кубота и градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, ја пуштија во употреба реконструираната пумпна станица „Вардар“ во Гевгелија.

Обновувањето и модернизацијата на пумпната станица двојно ќе го зголеми количеството на вода за пиење во гевгелискиот региони тоа од 50 литри на 100 литри во секунда, со што ќе се задоволат зголемените потреби од вода.

Бунарите и пумпната станица во бунарското подрачје „Вардар“ започнале да се градат во 1968 година, а биле предадени во употреба во 1970 година, но, оттогаш ова бунарско подрачје, освен редовното сервисирање, не беше реновирано.“, изјаци градоначалниот Иван Франгов. „Во изминатиот временски период, капацитетот на бунарите се намали, а истовремено потребата од вода за пиење во овој регион се зголеми, како резултат на зголемената потрошувачка на вода за пиење, особено во летните месеци“.

Со реконструкцијата беше извршена замена на постојните со нови потопни пумпи, замена на целата електроника и санација навнатрешниот дел на целиот објект во кој се сместени пумпите.

Овој проект беше овозможен со поддршка на владата на Јапонија, која за таа цел донираше 80,000 американски долари, во рамките на проектот на УНДП за поддршка на локалните власти во справувањето со мигрантската криза.

Зголемениот транзит на бегалците низ овој регион го зголеми притисокот врз локалните јавни услуги, вклучувајќи ги и снабдувањето со вода и  управувањето со отпадот во општините Гевгелија и Куманово.

За надминувањена овие проблеми, владата на Јапонија донираше вкупно 2,225,000 американски долари со кои ги поддржа напорите на УНДП за справувањесо приоритетните потреби.

„Владата на Јапонија целосно го разбира фактот дека бегалската и мигрантската криза во исто време претставуваат и хуманитарен и развоен предизвик за засегнатите општини”, оцени Тојоказу Кубота од амбасадата на Јапонија. „Помошта за овој регион и луѓето кои се загрозени се долгорочен приоритет за нас”.

„Благодарение на Владата на Јапонија сега можеме да решиме некои долготрајни развојни предизвици кои бегалската криза ги изнесе на виделина“, изјави Постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон. „Инвестициите во снабдувањето со вода и управувањето со отпадот во двете најпогодени општини ќе ги подобрат условите за живот на повеќе од 200,000 жители”.

УНДП и општината Гевгелија во моментов спроведуваат проценка за влијанието врз животната средина за изградбата на нов објект за управување со отпад , чијашто вредност се проценува на  еден милион американски долари, кој во целост ќе биде во согласност со стандардите на Европската унија. Градежните активности треба да завршат до крајот на 2017 година. 

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет