30 Април, 2024
0.0260

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Објавено во: Балкан 17 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Босански здруженија се бесни поради негирање на геноцидот во Сребреница. 

Здружението на жртви и сведоци на геноцид и Здружението „Движење на мајките од енклавите Сребреница и Жепа“ бараат од правосудните институции во Босна и Херцеговина(БиХ) да ги гонат српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на босанскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик, за негирање на геноцидот.

Велат дека изјавите на двајцата политичари биле скандалозни. 

„Негирањето на злосторствата, но и канонадата на навреди кон новинарите, особено искажани кон новинарот на Н1 ТВ, мора да доведат до вклучување на надлежните органи во истрагата, инаку вокабуларот на примитивци ќе стане практика, а понижувањето на жртвите и на сите останати ќе стане модел“, се наведува во барањата од здруженијата.

Здруженијата бараат Министерството за правда преку Министерството за надворешни работи на БиХ да го извести Меѓународниот суд на правдата во Хаг и Обединетите нации за негирањето на судската пресуда од февруари 2007 година според која Србија е одговорна за неспречување и неказнување на геноцидот во Сребреница“.

Вучиќ, за време на вчерашната посетата на Саем во Мостар, изјави дека „пред Меѓународниот суд на правдата е утврдено дека Србија на ниту еден начин не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница“.

Од здруженијата истакнуваат дека Вучиќ со таквата изјава го прекршил Кривичниот законик на БиХ, кој беше изменет со одлуката на високиот претставник за негирање на пресудите на меѓународните и домашните судови и негирање на злосторствата геноцид и злосторствата против човештвото.

Членовите на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ утре ќе отпатуваат Њујорк, по повод најавата за усвојување на резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Резолуцијата за Сребреница подразбира одлука да се одбележува 11 јули секоја година како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот извршен во Сребреница во 1995 година. Предлагачи на резолуцијата за геноцидот во Сребреница се Германија и Руанда.

Во јули 1995 година, во Сребреница е извршен геноцид врз Бошњаците, што се смета за едно од најтешките злосторства извршени во Европа од Втората светска војна. Се проценува дека силите на Армијата на Република Српска убиле повеќе од 8.000 бошњачки мажи и момчиња во и околу градот за само неколку дена. Повеќе од 40.000 луѓе беа протерани.

Повеќе од 50 лица беа осудени на вкупно повеќе од 700 години затвор за геноцид и злосторства во Сребреница пред меѓународните, регионалните судови и судовите во БиХ.

Судот во Хаг го осуди Ратко Младиќ, водачот на војската на босанските Срби за време на војната 1992-1995 година, на доживотен затвор. Истата казна ја доби и Радован Караџиќ, поранешниот претседател на Република Српска.

Можеби ќе ве интересира

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот