02 Мај, 2024
0.1100

Ѓорчев: СДСМ мора да ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО, но и да го сочува идентитетот

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Влатко Ѓорчев на денешната партиска прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ побара од новата Влада да работи за што побрзо зачленување на Република Македонија во НАТО и ЕУ веднаш и притоа да го заштити националниот идентитет, особено кога е во прашање спорот за името со Република Грција која продолжува да не блокира.

- Република Македонија одамна ги исполни критериумите за членство во НАТО и отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Тоа е наша и партиска, и државна цел. Всушност Република Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО уште во 2008 година на самитот во Букурешт, а со пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг од 2011-та година, се потврди дека Грција ги прекршила спогодбите на времената спогодба, ставајќи вето на влезот на Република Македонија во НАТО, рече Ѓорчев

Пратеникот Ѓорчев упати и опомена до министерот Димитров да биде повнимателен кога дава изјави за меѓународни медиуми бидејќи денес беше пренесена погрешна информација дека Владата размислува да го промени името, а всушност било изјавено дека Македонија може да влезе во НАТО и со привремената референца.

- Новиот министер за надворешни работи Никола Димитров не смее да отстапи од највисоките државни и национални интереси, а тие се веќе дефинирани. Членство во евро-атлантските структури и одбрана на македонскиот идентитетот. Со секоја изјава за релевантни меѓународни медиуми која што остава простор за различно толкување, само се креираат забуни и вознемиреност меѓу граѓаните на Република Македонија.

Видовме дека МНР веднаш реагираше за да се повлече изјавата дека СДС размислува за промена на името, но во иднина мора многу повеќе да се внимава бидејќи функцијата Министер за надворешни работи е одговорна и не остава простор за егзибиции. Секој несериозен настап и секое несериозно постапување може да ги доведе под ризик сите овие работи кои што можат да имаат сериозни реперкусии.

Одговорноста е огромна бидејќи, јавноста е веќе сведок дека Грција продолжува со истата реторика. Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас вчера повтори дека нема отстапување од црвените линии на Грција, односно дека нема простор за надеж за дека членството на Република Македонија во НАТО ќе се случи додека не се реши проблемот кој што Грција го има со нашето име, изјави Ѓорчев.

Ѓорчев смета дека новата влада предводена од Заев има големи обврски што доаѓа и од нивните ветувања пред граѓаните.

- Зоран Заев и новата влада ветија дека многу брзо ќе ја внесат Република Македонија во НАТО и ЕУ. Зоран Заев и СДС мора да ги исполнат овие ветувања токму онака што беа дадени. Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО час поскоро, но без притоа да се задира во идентитетските прашања и да не се случуваат штетни договори кои што е бидат на вондредно и на голема штета на македонскиот народ и македонската држава, заклучи Ѓорчев.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?