02 Мај, 2024
0.0271

Глигор Бишев за личните и професионални очекувања: Зачекоруваме во нов свет

Објавено во: Економија 29 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања во следната година.

Проф. Д-р Глигор Бишев е претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка, исклучителен познавач на пазарите, финансиските текови, банкарскиот сектор. Очекува во 2021 година КОВИД-19 пандемијата да биде ставена под контрола, а економскиот раст да го водат иновациите, новите технологии и инвестициите во зелена економија.

„2020 година ќе биде запаметена по неколку настани - КОВИД-19 пандемијата што го втурна светот во најголемата рецесија по онаа од 1929/1933 година; проширување на јазот помеѓу движењето на финансиските пазари и движењето на реалната економија која најверојатно ќе оствари рецесија со двоjно дно. Цените на финансиските средстваостваруваат рапиден пораст по достигнувањето на најниско ниво на 23 март, историски најниски каматни стапки и историски најголемо задолжување на приватниот и јавниот сектор; трговската војна помеѓу САД и Кина; забрзаната дигитализација на сите сфери од општеството, економијата и на секојдневието на населението; за голем број на професии работењето од дома стана правило а не исклучок.

Северна Македонија ги следеше овие трендови онолку колку што тоа го дозволуваше структурата на нејзината економија – средно ниво на технолошка развиеност, ниско ниво на автоматизираност на технолошките процеси, привлекување на странските инвестиции, особено во економските зони пред се преку арбитражата на цената на работната сила и даночните стапки, економија во која 95 проценти од компаниите се микро и мали компании што вработуваат до 20 вработени.Сепак, и во такви услови, економската контракција беше помала споредено со голем број на економии со подобра економска структура. Се покажа дека македонската економија е флексибилна и брзо прилагодлива.

Дефинитивно, во 2021 година се очекува КОВИД-19 пандемијата да биде ставена под контрола што ќе создаде предуслови за оджлива економска обнова и раст. Меѓутоа, eкономскиот раст нема да биде по истиот модел како пред КОВИД-19 кризата. Тоа ќе биде раст воден од иновациите, новите технологиии инвестициите во зелена економија. Инвестициите во нематеријални средства – интелектуална сопственост, патенти, трговски марки, вештачка интелигенција и автоматизација, софтвер, ќе го водат растот а не инвестициите во хардвер и недвижнини. Моделите на циркуларна економија во процесот на производство и потрошувачка, зелена енергија, инвестициите во превенција, јавно здравје и услуги што ќе го намалат ризикот од слични шокови во иднина ќе ја обележи економијата во следната деценија. Македонија, ќе треба да се подготви за новата ера во која мануелните и процесните работни места ќе бидат збришани во наредните десет години.

Пандемијата, која го забрза користењето на дигиталните услуги, го направи овој процес иревирзибилен. Тоа ќе биде тренд од траен карактер. „Хибридното” работење ќе стане нова нормала. Голем број од вработените во просек ќе работат по два работни дена од дома. Дигитализацијата ќе го измени начинот на функционирањето на цели сектори. Веќе се видливи новите контури на online трговијата,банкарство, осигурувањето, здравството, образованието, што во следните години ќе добијат нови содржини и форми на олеснет пристап. Пандемијата го смени размислувањето и однесувањето на луѓето. Се покажува дека потрошувачите ја преферираат сегашноста во однос на иднината, бидејќи иднината може и воопшто да не дојде. Тоа трајно ќе ја зголеми потрошувачката и ќе се зголеми времето што се користи за одмор и рекреација.

Во тие глобални процеси, Македонија ќе треба да направи квантен скок, да се премости огромен јаз во нивото на технолошка развиеност и иновативност. Клучна улога ќе треба да одигра образовниот систем, технолошките лаборатории и акцелератори. На тој план, Северна Македонија има неколку извонредни примери, како на пример најновoто возило на водород што го лансираше Велешки Брако.

Здравиот финансиски сектор, исто така, се смета за голема предност на Северна Македонија. Тој треба да испорача стабилно финансирање на технолошкиот скок на реалната економија. На тој план, банките ќе треба да претставуваат мост помеѓу домашните и меѓународните финансиски пазари. Согласно со тоа, окрупнувањето и зголемувањето на ефикасноста на банкарскиот сектор е од големо значење. Верувам дека тој процес забрзано ќе се реализира во наредните 3-5 години. Особен моментум на тој процес ќе даде интеграцијата на Охридска и Шпаркасе банка Македонија. Тоа ќе биде и мојата најголема професионална и лична преокупација во 2021 година.

Верувам, дека сите ние во наредните неколку години зачекоруваме во нов свет на технолошки промени и иновации во кој што ќе се зголеми поврзаноста и меѓузависноста помеѓу нас, свет кој што ќе бара бргу да се менуваме но и свет кој значително ќе го зголеми животниот век, благосостојбата и сигурноста, вели Бишев.


Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?