03 Мај, 2024
0.0231

Глобалната “јинг и јанг” економија

Објавено во: Анализа 10 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Пазарите во светскиот систем се поврзуваат се повеќе, претворувајќи се во сеопфатна јинг и јанг економија, каде монетарната политика на некоја држава може неосмислено да предивика негативни последици кај друга. Ова го тврди Јоахим Фелс, кој е главен меѓународен економист во Morgan Stanley. Јасен пример за тоа се очекувањта за намалување на стимулот од страна на Федералните резерви кои ги покачија каматите во САД и го засилија доларот, кое од своја страна  им отежна на развојните економии и им создаде голем тековен дефицит. Пазарите во тие држави имаа период на нестабилност, а големи капитални текови ги зафатија фондовите на берзите и натежнаа над локалните валути. Во Август индиската рупија падна до рекордното дно во однсо на американскиот долар. Во истото време агресивната парична политика на Јапонија незначително го зголеми дефлациониот притисок во еврозоната. Намалувањето на вредноста на јенот наспрема еврото е страничен ефект од јапонскиот напредок во борбата со дефлацијата и е уште еден пример за светската јинг и јанг економија, тврди Фелс. Јинг и Јанг е концепт од кинеската филозофија, која се користи за да покаже како привидно спротивнополовите сили се взаемно поврзани. Јапонската централна банка објави дека ќе внесе 1,4 трилиони долари во економијата во следните две години во обид да се пресмета со дефлацијата која продолжува веќе две децении. Обидите на јапонија да се де-јапонизра го зголемија ризикот од јапонизација во еврозоната. Јенот ослабнува, а еврото станува по силно, откако средства од јапонската економија се влеваат на европските пазари во барањето на по големо враќање. Силното евро ја поддржа инфлацијата на стариот континент ниска, навалувајки конкурентната способност на европскиот износ и ограничувајки го економскиот раст. Уште во 2010 бразилскиот министер за финансии Гидо Мантега ја популаризираше идејата дека мерките на централните банки за олеснување на економијата влијаат негативно на други држави. Тогаш САД и еврозоната превзедоа  низа на олеснувачки мерки, а Мантега објави дека тие се насочени кој зголемување на износот преку ослабнување на сопствените валути и последица од тоа е поскапувањето на валутите на развојните економии. За време на криза централните банки дејствуваат координирано, но и покрај тоа политиките не секогаш им се согласуваат, вели Шеин Оливер, главен економист во AMP Capital. „Инфлацијата на светоско ниво е многу ниска, а екомската активност е под можностите. Превземањето на мерки во една држава, предизвикано од таквите во друга, е добар развој. За воведување на стимул во Јапонија најверојатно влијаеле тие во САД. Би било добро ако и ЕЦБ се покаже принудена да превземе нови“. Оливер смете дека јапонските мерки за олеснување остануваат едни од најголемите успеси годинава, и покрај тоа што ги зголемуваат можностите за дефлација во еврозоната. „Повеќе одговара таа варијанта од онаа на Јапонската централна банка да каже дека нема де првземе ништо ако ЕЦБ не се согласи. Тоа би било магичен круг“.   К.К

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад