ГО ИЗНЕВЕРИЈА МАКРОН: Оваа земја дава поддршка за „Жолтите елеци“
Објавено во: Свет 07 Јануари, 2019
Италијанската Влада му заби нож во грбот на францускиот претседател Емануел Макрон, со поддршката за движењето „Жолтите елеци“.
Двајцата потпретседатели на италијанската Влада, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини денеска го поддржаа француското движење „Жолти елеци“.
„Ги поддржувам чесните граѓани кои протестираат против претседателот што владее против неговиот народ“, наведе Салвини, претседателот на екстремно десничарската партија Лига, но додаде дека силно го осудува насилството кое изби на последните протести во Франција.
Ди Мајо ги повика да не попуштаат „Жолтите елеци“.
Тој го осуди насилството, оцени дека Владата на Емануел Макрон не ги исполнува очекувањата на народот и додаде дека некои политички одлуки на Франција можат да влијаат врз Европа.
Според него, француската Влада, како и многу други влади е присутна само за да ги претставува интересите на елитата и привилегираните, но не и на народот.
„Жолтите елеци“ предизвикаа милионски штети во Франција додека протестираа, а на улиците беа и на новогодишната ноќ.