ГОЛЕМ ПАД: Пандемијата „удри“ по германскиот БДП
Објавено во: Економија, Корона Вирус 12 Мај, 2020
Пандемијата ќе „удри“ по германскиот БДП.
Корона „збриша“ една четвртина од БДП на Германија.
Економското производство има пад од 20 до 25 отсто за само неколку седмици како последица на епидемијата од коронавирусот, објави државната развојна банка.
Врвот на падот веројатно бил во април, ако земјата не се соочи со втор бран.
Во меѓувреме, канцеларката на Германија, Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон разговарале за можноста за повторно отворање на границата меѓу двете земји, јавуваат германските медиуми.