27 Април, 2024
0.0285

ГОЛЕМ ПАД ВО ИНДУСТРИЈАТА - прометот во јануари паднал над 12 проценти, еве во кои гранки најмногу „се осети“

Објавено во: Економија 27 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Голем пад е забележан кај прометот во индустријата во текот на месец јануари 2024 година, споредено со истиот месец минатата година. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јануари 2024 година изнесува 87,2, што всушност покажува дека индустиријата има пад од високи 12,8 проценти. 

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7 проценти и Капитални производи за 25,1 отсто. Додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8 отсто - се појаснува во соопштението на ДЗС. 

Намален е прометот во индустријата, и на месечно ниво, и тоа за 14,5 проценти во јануари, во споредба со декември минатата година. 

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2024 година, во однос на декември 2023 има пад од 28,8 проценти. 

Додека пак, прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2024 година, во однос на декември 2023 година е намален за 9 проценти.

Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба