02 Мај, 2024
0.0257

Големи приходи, но стара и безвредна механизација: Како „Македонија пат“ ќе урива дивоградби?

Објавено во: Економија 02 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Владата одлучи Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, познато како поранешно„Македонија пат“, да ја сруши дивоградбата кај скопска „Мавровка“, но ако се покаже како добар реализатор. тоа би било добар поттик да продолжи и понатаму со преостанатите нелегални објекти во земјата за чиј број нема официјални податоци, но се верува дека се околу стотина илјади.

„Македонија пат“ главно се финансира од средствата што ги добива од „Државни патишта“, кое пак е најбогато јавно претпријатие во Македонија со 140 милиони евра приходи главно од патарини, акцизи на горивата и регистрации на возила и има трета најголема добивка за 2019 во земјата од 47 милиони евра.

Според податоците кои ги добивме од „Македонија пат“, во 2019 од ЈП Државни патишта добило 1,084 милијарди денари, а вкупните приходи му се 1,146 милијарди денари. Материјали и опрема на тендери биле купени за 377 милиони денари, иако планирани биле 430 милиони. За приватни оператори како зимска служба и превоз на материјали биле потрошени безмалку 100 милиони денари, односно 18 милиони повеќе од една година претходно. За плати биле потрошени 300 милиони денари, 16 повеќе од 2018-та година. Непотрошена добивка на салдото е 46 милиони денари, односно повеќе од двојно по една година. Претпријатието има и нерасчистени долгови од 20 милиони евра. Просечната бруто-плата е само 34,6 илјади денари, но е зголемена за околу 4.000 денари за една година.

Често од таму се споменува дека опремата е амортизирана и дека вреди само неколку проценти од цената која била купена на времето. На тендерите постојано се склучуваат договори за делови, одржување и поправки за безмалку амортизираната механизација, која сега вреди, односно е проценета на само околу 2,5 милиони евра. На тендерите најмногу се набавува индустриска сол, битумен (асфалт), боја за обележување на патиштата и услуги за зимска служба. Последен пат механизација е купена од „Каргомакс“ за 70,8 милиони денари на почетокот од 2018.

Претпријатието има 98 товарни возила, 96 градежни машини и 60 полутоварни возила, а најверојатно за прв пат ќе се соочи со демонтажа и рушење на илегално изграден објект, ако се знае дека неговите надлежности се одржување на сигнализацијата, асфалтирањето, зимската служба, броењето на сообраќај и катастар на патишта.

Владата на својата прва седница побара од Управниот одбор на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ангажира механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изградениот градежен објект што се наоѓа пред ТЦ „Мавровка“. За тоа општина Чаир и претпријатието ќе треба да склучат договор за отстранување на бесправно изградениот градежен објект, а за една недела ќе треба да дадат отчет за сработеното.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?