03 Мај, 2024
0.0293

ГОРДАНА ДУВЊАК ЗА ФАКТОР: Генералниот реизбор на судии е речиси невозможна мисија

Објавено во: Македонија 12 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Повикот на лидерот на СДСМ и потенцијален мандатар на новата Влада Зоран Заев за генерален резибор на судиите повеќе го разбирам како „апел за отрезнување“, а помалку како закана за делителите на правдата, која повеќе е во функција на нивно ослободување од стегите на политиката, вели Гордана Дувњак долгогодишен новинар и одличен познавач на состојбите во правосудниот систем. Според неа, Генералните реизбори се типични и оправдани, при промена од еден општествен систем во друг и нова организациска поставеност на судството. Со сегашната законска поставеност, дополнителна отежнувачка околност е и тоа што изборот на судии во основните судови е лимитиран од редот на завршените академци.

Констатацијата содржана во европскиот извештај -за Македонија како „заробена држава“, во голема мерка се рефлектира токму на состојбите во судството .Нема сомневање дека реформи во оваа област не само што се потребни, туку се и неопходни. Но, прашање е дали и колку може да се направи генерален реизбор на судиите, како што најавува лидерот на СДСМ и потенцијален мандатар на Владата, Зоран Заев, бидејќи, за тоа, сепак, е потребно двотретинско мнозинство и гласови од парламентарното малцинство. Не треба да се заборави дека судиите имаат траен мандат и уставни гаранции за својата независна позиција. Оттаму, повикот на Заев за генерален резибор повеќе го разбирам како „апел за отрезнување“, а помалку како закана за судиите, која повеќе е во функција на нивно ослободување од стегите на политиката. Од друга страна, имам полно разбирање за потребата од “големо прочистување“ на судството од политичките послушници меѓу судиите, но и од нестручни делители на правдата, кои залутале во правото. Судии, кои без оглед дали станува збор за лукративни цели,или личен конформизам, свесно ја игнорираат европската пракса и се подготвени “погрешно“ да ги читаат законите и да ги прилагодуваат на потребите на дневната политика. Генералните реизбори се типични и оправдани, при промена од еден општествен систем во друг и нова организациска поставеност на судството. Со сегашната законска поставеност, дополнителна отежнувачка околност е и тоа што изборот на судии во основните судови е лимитиран од редот на завршените академци. Останува отворена дилемата и кој би го вршел филтрирањето на „неподобните“ судски кадри-дали тоа да биде Судскиот совет (кој е крајно дискредитиран и политизиран, или некое друго независно тело, чиј мандат и легитимитет би бил спорен, доколку не е законски поставен и регулиран. На краткорочен план, далеку поедноставно решение би било формирање на судско одделение во рамките на Кривичниот суд, кое би одлучувало по предметите поврзани со криминал и корупција поднесени од СЈО, а подолгорочно-суштинска трансформација на Судскиот совет во професионално и независно тело, кое исклучиво ќе се води од потребите на третата власт и нема да слугува на останатите две власти.

Горазд Чомовски

Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ