02 Мај, 2024
0.0260

ГОТОВ РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ: Администрацијата нема да се чепка, за граѓаните пари и ваучери за трошење

Објавено во: Економија 15 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Предлогот за ребаланс на буџетот за годинава најверојатно ќе биде готов денеска. Со него се зголемуваат расходите на првично испланираниот за годинава поради потребите со фискални мерки да се помогне домашната економија која силно е погодена од кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19. 

Нема доволно детали за колку ќе се зголеми буџетот, но јасно е дека буџетските приходи во април се намалија за 20 отсто. Во меѓувреме Владата донесе два пакети за помош на стопанството, а веќе се подготвува и третиот сет мерки за кој Фактор вчера ексклузивно објави детали. Според информациите со ребалансот нема да се кратат платите на вработените во јавниот сектор. 

За ова прашање имаше сериозна дебата и негодување од дел од јавноста но кај креаторите на политиките преовлада мислењето дека тоа сега не е потребно.

Владата ќе предвиде дополнителни 355 милиони евра за третиот сет економски мерки со кои ќе ги помага и граѓаните и стопанството. Дел од овие пари нема да бидат од буџетот туку од фондови, но сепак најмногу ќе се буџетски средства.

Во овие мерки како што известивме има поддршка на граѓаните кои се невработени, но и на студентите, средношколците, земјоделците. Има помош и за стопанството која ќе е во вид на кредити или гаранции за кредити. За невработените е предвидена помош од 150 евра на домашна платежна картичка која ќе чини 25 милиони евра.

Според основното сценарио на Министерството за финансии за годинава се предвидува забавување на економската активност за  минус 3,4 проценти со тоа што ефектите од корона кризата врз економијата, се очекува да бидат најголеми во второто тримесечје, во третото се очекува забавување на контракцијата, додека во четвртото закрепнување на економијата и раст.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?