Градот од бајките воведува посебни мерки: Нема да може да го посетите кога и да посакате
Објавено во: Свет 02 Јули, 2019
Време за патувања е, а има места и дестинации кои туристите посебно ги привлекуваат. Најубавиот белгиски град воведува посебни мерки како не би се претворил во нов Дизниленд објаснил градоначалникот.
Се работи за Бриж, кој нема да може да го посетите кога посакате, бидејќи градските власти го ограничуваат бројот на туристи.
Ни во пристаништата повеќе нема да може да бидат врзани повеќе од два крузери, а досега можело да бидат пет. Доаѓањето на бродовите ќе се договара за работниот ден , а не за викенд.
Минатата година градот од бајките го посетиле повеќе од осум милиони туристи.