04 Мај, 2024
0.0259

Граѓаните се жалат за МојДДВ: Македонските производи скратија пари од скенираните сметки

Објавено во: Економија 24 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

По 100, 200 или 300 денари помалку од првично впишаните имаат граѓаните на извештаите за скенираните сметки за претходното тримесечје односно за април, мај и јуни. Повеќемина се жалат на социјалните мрежи, дел од граѓаните се јавуваат - впрочем не им е јасно како наеднаш се случи промената. Некои се револтирани од одлуката да се прави промената особено тие кои скенирале сметки со кои за трите месеци имале остварен поват од 1.800 денари колку што е максимумот. Да знаеле дека ќе има промени, велат ќе продолжеле да скенираат уште. Управата за јавни приходи сепак соопшти дека станува звор за мали промени затоа што за од 12 јуни годинава ќе прави нова пресметка на повратот на ДДВ кај граѓаните, за второто тримесечје. Новиот начин е поради одлуката кај македонските производи да се врши поврат од 20 отсто, а кај странските од 10 отсто. 

„ До вчера имав 1.800 сега 1.647 денари поврат за 4, 5 и 6 месец. ме изненади промената, вели Н.М.

„Имав 890, сега 650, дајте објаснете зошто ми ги земаа, се жали Р. Стоименов.

Дел од тие кои имале 1.800 денари за враќање престанале да скенираат затоа што го исолниле максимумот.

„Како може повторно да пресметуваат ДДВ на завршено тримесечје. Јас знам дека собрав 1800. И престанав да скенирам. И сега тие ќе ми пресметаат помалку пари. Па сум можела да скенирам уште, вели З.П.

Од УЈП вела дека поради измената износот на повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесечје може да претрпи промена. 

„Со овие приспособувања за скенираните сметки од 12 јуни, повторно ќе се изврши пресметка, според раздвојувањето на македонски добра и услуги со 20 отсто, останати добра и услуги со 10 отсто, наместо досегашните 15 отсто поврат на ДДВ. Поради оваа повторна пресметка износот на повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесечје може да претрпи промена, појаснуваат од УЈП.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?