ГРАНАТИРАЊЕ КАЈ ДАМАСК: Загинаа и деца
Објавено во: Свет 27 Април, 2018
Седумнаесет цивили, меѓу кои и седум деца, се убиени денеска при бомбардирањето на сириските провладини сили насочено против палестинскиот бегалски камп Јармук, јужно од главниот град Дамаск.
Taму се утврдени џихадисти од терористичката група „Исламска држава”, соопшти сирискиот Центар за набљудување на човековите права.
Невладината организација информира и дека меѓу 19 и 26 април, во гранатирањата и престрелките во обид да се заземат и последните населби кои останале под контрола на џихадисти, загинале 19 цивили.
Откако целосно ја презедоа контролата врз енклавата Источна Гута на 14 април, силите на сирискиот режим и нивните сојузници се насочени кон целосно истиснување на терористичкиата ИД и преземање на контролата врз целиот Дамаск и неговата околина, првпат од 2012 година.