Грчки компании отпуштаат работници и намалуваат плати
Објавено во: Свет 15 Ноември, 2012
Ова се резултати од истражување на „Аон Хјуит“ кое е спроведено од април до јули годинава во 165 компании.
Во истражувањето биле вклучени најпродуктивните економски сектори и утврдено е дека само 26,5 проценти од компаниите ги зголемиле платите. Тоа биле главно фирми што се занимаваат со висока технологија и фармација.
Во другите фирми, платите во просек биле намалени за 11,8 отсто.