ГРЦИЈА ЗАТВОРА ГРАНИЦИ: За „непослушните“ граѓани воведени казни од 5.000 евра
Објавено во: Балкан 15 Март, 2020
Грчката Влада ги затвора границите и воведува казна од 5.000 евра за „непослушни“ граѓани.
Целосно затворање на границите со Северна Македонија, Албанија и Италија, прекинување на авионскиот превоз со Шпанија, забрана за закотвување на крузери на грчките пристаништа, и казна од 5.000 евра за граѓаните кои ќе ги прекршат превентивните мерки.
Ова се дел од одлуките донесени на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министрите во неговиот кабинет, јави дописничката на МИА од Атина.
Многу земји во Европа ги затворија границите со цел да спречат ширење на Ковид 19.
Во Грција веќе имаше и смртни случаи.
Во Македонија се тестирааат седум лица, а резултати ќе има во текот на денот.