03 Мај, 2024
0.0322

ГРКОТ ШТО БЕШЕ ПОПОЗНАТ КАЈ НАС ОТКОЛКУ ВО РОДНАТА ЗЕМЈА - почина Маноли од коронавирусот

Објавено во: Балкан 30 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Коронавирусот коси во светот. Од инфекција со овој вирус утрово, во Солун, починал и Емануел Малелис, објави порталот Вечер.мк.

Нема кој што е малку постар во оваа држава  а што не го памети Малелис, кој кај нас беше познат под прекарот Маноли. Тој беше долгогодишна сива еминенција во земјава, а според многумина, активно учествувал и во бројни бизнис и политички преговори. Особено беше близок со Владата на Љубчо Георгивески.

То во деведестите години во тогашниот грчки конзулат беше задолжен за визи, особено за оние кои сакаа да ги набават брзо и преку ред.

Маноли е Македонец од егејско потекло, роден во околината на Лерин, женет со Македонка од Скопје и татко на две ќерки. По завршување на мандатот во грчкиот козулат останува во Скопје и продолжува да работи на функција во рафинеријата Окта која, во меѓувреме, доби грчки сопственик.

Според информациите на порталот Вечер.мк, Маноли се инфицирал со корона вирусот на Кипар, пред десетина дена, а првично имал лесни симптоми па се вратил дома во Солун на лекување. Но, пред четри дена состојбата му се влошила и починал. Според нашите информации со вирусот во меѓувреме се инфицирала и неговата ќерка која е на лекување.

За него се зборува дека тој е оној што го наместил Љубе Бошковски, преговарал со Сашо Мијалков за името на земјава, но и ја договорил продажбата на рафинеријата ОКТА.

Последни зборови за Малелис на својот фејсбук профил напиша директорот и главен и одговорен уредник на Телма, Атанас Кировски.

„Додека читаме бројки и статистика, мислиме дека Короната е далеку од нас. Денес ми почина првиот пријател. Знам дека има разни мислења околу неговиот професионален ангажман, ама Маноли имаше добро срце - не паметам некој да му побарал помош, а да не се фател за џеб....Забавен за у друштво до немајкаде....Бог да го прости Емануел Малелеис- познат како Маноли....“, напиша Кировски на својот фејсбук профил.

Можеби ќе ве интересира

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија